Достапни линкови

logo-print

Кривична пријава против Ване Цветанов


Поранешен директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов.

Поранешен директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов.

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам Ване Цветанов за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Кривичната пријава до Јавното обвинителство ја поднесе Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје.

Според полицијата, во периодот од 2008 до 2010 година, Цветанов ја злоупотребил службената положба склучувајќи договори за јавни набавки спротивно на Законот за јавни набавки, а во исто време го пречекорил лимитот за користење службени мобилни телефони за него и други двајца вработени, со што ја оштетил Управата, односно Буџетот на државата за сума од 748.533 денари, односно околу 12 илјади евра.

Ване Цветанов пред повеќе од една година даде оставка на директорската функција во Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Владата пак тврдеше дека тој не дал остаква туку бил разрешен. Според владата во неговото работење имало неправилности. Во изјава за Радио Слободна Европа, Цветанов тогаш рече дека неговото оцрнување е порачка лично на премиерот и ја обвини владата дека нема интерес и желба за борба против криминалот.
XS
SM
MD
LG