Достапни линкови

logo-print

Карзаи - САД да исполни услови за војската да остане во Авганистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се обраќа на Џиргата.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи се обраќа на Џиргата.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги претстави неговите услови за продолжување на присуството на американската армија во земјата. Зборувајќи пред традиционалното собрание на старешини, наречено Лоја Џирга, Карзаи рече дека сака стратешко партнерство со САД, но под одредени услови – „почитување на националниот интегритет, да нема ноќни рации и да нема претреси по куќите на Авганистанците“. Доколку Вашингтон ги исполни овие услови, рече Карзаи, америкнските војници може да останат во Авганистан долгорочно. На Џиргата присиствуваат околу 2.000 племенски старешини и политичари. Обезбедувањето околу местото е големо, зашто Талибанците се заканија деќа ќе го нападнат собранието.
XS
SM
MD
LG