Достапни линкови

Слободата на изразот е сржта на демократијата


Претседателот на Европскиот парламент, Јержи Бузек.

Претседателот на Европскиот парламент, Јержи Бузек.

Слободата на изразување и медиумскиот плурализам се сржта на европските вредности и тие мора да постојат и во земјите-кандидати за членство во ЕУ, изјави во Стразбур претседателот на Европскиот парламент, Јержи Бузек.

Еврокомисијата може да смета на поддршка од релевантините комисии и делгации на Европскиот парламент во подигање на стандардите и свеста за ова прашање, како во рамките на ЕУ, така и во нејзиното соседство, изјави синоќа Бузек во расправата посветена на слободата на медиумите и изразувањето во земјите-кандидати за членство во Унијата.

Како што јави МИА, во дискусиите учествуваше и еврокомесарот за проширување, Штефан Филе. По дебатата, Филе изјави дека за Европската комисија слободата на изразување е еден од столбовите на демократијата и дека е убеден оти високите стандарти за заштита на слободата на медиумите ќе бидат прифатени од земјите-кандидати за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG