Достапни линкови

„Статус кво“ е штетно за Македонија и Грција


САД - Конгрес
САД - Конгрес

Спорот за името со Грција продолжува да ги попречува аспирациите на Македонија за членство во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ. Тоа е крајно штетна ситуација не само за земјата, туку за целиот регион и за процесот на проширување. Сегашната статус-кво ситуација не е во интерес ниту на Грција, ниту на Македонија, ниту на Европа, ниту пак на САД.

Спорот за името со Грција продолжува да ги попречува аспирациите на Македонија за членство во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ. Тоа е крајно штетна ситуација не само за земјата, туку за целиот регион и за процесот на проширување. Сегашната статус-кво ситуација не е во интерес ниту на Грција, ниту на Македонија, ниту на Европа, ниту пак на САД.

Ова го оценија учесниците на синоќешната дебата за Балканот на седницата Поткомитетот за Европа и Евроазија на Одборот за надворешна политика на Конгресот.
Aмериканскиот помошник-државен секретар Филип Гордон.
Aмериканскиот помошник-државен секретар Филип Гордон.

САД го поддржуваат процесот за решавање на прашањето за името што се води во ОН и ќе поддржат секое заедничко прифатливо решение што ќе произлезе од него. Но, за да се постигне тоа неопходен е конструктивен ангажман на Атина и на Скопје, изјави американскиот заменик-државен секретар Филип Гордон.

​Тој повтори дека Вашингтон ја поддржува евро и евраотлантската перспектива на Македонија, но потсети и на заклучокот на Северноатлантскиот совет оти земјата ќе добие покана за членство веднаш штом се реши спорот за името.

Курт Вокер, поранешен амбасадор на САД во НАТО, потсети дека во 2008 година Македонија беше подготвена да и се приклучи на Алијансдата, но тоа беше оневозможено поради нерешениот спор за името.

Контроверзни внатрешно политички прашања во Македонија

„Според Привремениот спогодба од 1995 година, Грција се согласи да ја поддржи македонската интеграција во меѓународните организации под привременото име „Поранешна југословенска Република Македонија“. Но, Грција ја прекрши таа практика кога дојде време Македонија да се приклучи во НАТО“, рече Вокер.

Оттогаш, додаде тој, во Македонија се забележува забавување во одредени реформи и влегување во некои контроверзни внатрешно-политички прашања.

Вокер предупреди дека актуелната статус-кво ситуација со Македонија, која е крстопат на Балканот, не е во интерес ни на Грција, ни на Македонија, ни на Европа, ниту пак на САД.

Со години ги поддржувавме преговорите за името што се водат во ОН. На маса беа ставени сите елементи.

„Време е САД и ЕУ да преземат заеднички напори за доследно почитување на Привремената спогодба од 1995 година и употребата на привременото име, што со согласност од Грција, би овозможило Македонија да му се приклучи на НАТО и да направи прогрес кон ЕУ. Во истовреме би се направиле и посилни политички напори и притисоци за поддршка на преговарачкиот процес во ОН што би овозможило двете страни да дојдат до конечно решение“, порача Курт Вокер.

САД ги подржуваат извештајот на ЕУ за Македонија

Осврнувајќи се внатрешните состојби во Македонија заменик државниот секретар Филип Гордон посочи дека САД ги споделуваат заклучоците, забелешките и препораките искажани во Извештајот на Европската комисија.

„Неопходно е да се посвети внимание на предизвиците поврзани со владеењето на правото, особено зголемување на независноста на судските институции и борбата со корупцијата. Иако Македонија направи прогрес во меѓуетничките односи, неодамнешното прекинување на пописот поради политички спор за тоа како да се попишат граѓаните од сите етнички заедници, укажува дека е потребно да се посвети поголемо внимание на ова прашање. САД ја охрабруваат Владата да го стори тоа во словото и духот на Охридскиот рамковен договор“, рече Гордон.

САД - Западен Балкан да се интегрира во НАТО и ЕУ

Во општата дебата за Блаканот, беше истакнато дека САД остануваат посветени на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во евроатлантската заедница и силно веруваат дека ЕУ и НАТО се најдобрата рамка за мир, просперитет и стабилност на регионот и на Европа.

„Западниот Балкан е важен дел од Европа - историски, географски и културно. Невозможно е да се зборува за Европа како цела, демократска и мирна, без затворање на нерешените прашања во регионот. Нашата јасна политика е интеграција на земјите од регионот во евроатлантските институции“, заклучи заменик државниот секретар Филип Гордон пред Поткомитетот за Европа и Евроазија на Одборот за надворешна политика на Конгресот на САД.
XS
SM
MD
LG