Достапни линкови

САД - „статус кво“ со Македонија е неодржливо и штетено


Американскиот помошник-државен секретар Филип Гордон.

Американскиот помошник-државен секретар Филип Гордон.

Спорот за името со Грција продолжува да ги попречува аспирациите на Македонија за членство во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ. Тоа е крајно штетна ситуација не само за земјата, туку за целиот регион и за процесот на проширување. Сегашната статус-кво ситуација не е во интерес ниту на Грција, ниту на Македонија, ниту на Европа, ниту пак на САД.

Ова го оценија учесниците на синоќешната дебата за Балканот на седницата Поткомитетот за Европа и Евроазија на Одборот за надворешна политика на Конгресот.

САД го поддржуваат процесот за решавање на прашањето за името што се води во ОН и ќе поддржат секое заедничко прифатливо решение што ќе произлезе од него. Но, за да се постигне тоа неопходен е конструктивен ангажман на Атина и на Скопје, изјави американскиот заменик-државен секретар Филип Гордон. Тој повтори дека Вашингтон ја поддржува евро и евраотлантската перспектива на Македонија, но потсети и на заклучокот на Северноатлантскиот совет оти земјата ќе добие покана за членство веднаш штом се реши спорот за името.
XS
SM
MD
LG