Достапни линкови

За стагнацијата во БиХ виновна и меѓународната заедница


Валентин Инцко
Валентин Инцко

Во Босна и Херцеговина е неопходен политички дијалог со цел земјата да излезе од политичката стагнација. Со ова оценка на високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко кој во вторникот ја искажа во Советот за безбедност на Обединетите нации се согласуваат и аналитичарите кои од друга страна и забележуваат и на меѓународната заедница за сегашната состојба во земјата.

Во изминативе шест месеци во Босна и Херцеговина нема политички напредок, предупреди високиот претставник Валентин Инцко на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Според него, запалливата реторика што ја користат претставници на Република Српска и на Федерацијата Босна и Херцеговина и избегнувањето на политичкиот дијалог ја блокираат земјата на нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции.


,,Јасно е во актуелната политичка ситуација дека се уште не ја постигнавме нашата цел. Уверен сум дека можеме да успееме само доколку се случат промени и политиката почне да се води низ дијалог и компромис.,,

Оцени Инцко. Неговиот оптимизам се потпира врз најавата дека оваа недела е можно по повеќе од една година да дојде до договор за формирање на нов Совет на министри, односно нова државна влада.
Не е ново што нашите политичари не работат, бидејќи не се согласуваат нивните концепти. Поспорно од тоа е што меѓународната заедница која дојде тука и без која ништо не може да се направи, не работи доволно.


Дека ваков договор е потребен им е јасно на сите, вели аналитичарот Есад Бајтал, додавајќи дека не е јасно зошто меѓународната заедница, па и самиот висок претставник го толерираат ваквото однесување на политичарите.

,,Не е ново што нашите политичари не работат, бидејќи не се согласуваат нивните концепти. Поспорно од тоа е што меѓународната заедница која дојде тука и без која ништо не може да се направи, не работи доволно.,,

Во извештајот на Инцко се наведува дека некои политичари во Република Српска настојуваат да ги доведат под прашалник државните институции, како и авторитетот на вискиот претставник, што е во спротивност со Дејтонскиот договор.


Од друга страна, Инцко оценува дека и претставниците на Хрватската демократска заедница не се откажуваат од намерите за трет ентитет со што го оспоруваат легитимитетот на федералната влада.

,,Босна и Херцеговина страда од неколку паралелни кризи. Корупција и централизирана власт во Република Српска и радикална реторика која доаѓа од таму и која ги радикализира бошњаците. Втор проблем е Федерацијата која ни административно ни финансиски не е одржлива. Тука е и проблемот со дистриктот Брчко. Неопоходно е политичките лидери што поскоро да седнат и да се договорат за клучните прашања.,,

Вели аналитичарот во Меѓународната кризна група Среќко Латал, додавајќи дека еден од главните проблеми во Босна и Херцеговина е тоа што политичарите се обидуваат вината да ја префрлаат едни врз други со што се губи суштината на она што навистина го попречува напредокот во таа земја.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG