Достапни линкови

Обама: САД остануваат солидарни со Грција


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа, во телефонски разговор со поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, изрази уверување дека САД ќе останат солидарни со Грција во тешките моменти на должничката криза, соопшти Белата куќа.

„Врските меѓу американскиот и грчкиот народ се здрави и длабоки и САД ќе останат солидарни со Грција во овие тешки моменти“, изјавил Обама.

Обама разговарал со Папандреу, кој е роден и израснат во САД, со цел да му се заблагодари за неговите многубројни заслуги за односите меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG