Достапни линкови

Грчките пратеници треба да ја одобрат новата Влада


Новиот премиер Лукас Пападемос

Новиот премиер Лукас Пападемос

Грчките пратеници денеска треба да ја одобрат новата Влада на национално единство. Владата треба да ги спроведе строгите реформи кои од Грција ги бараат меѓународните кредитори во замена за финансиска помош со која ќе се спаси земјата да отиде во стечај.
Владата предводена од новиот премиер Лукас Пападемос, кој е поранешен потпретседател на Европската централна банка, вклучува членови на социјалистичката, конзервативната и екстремно десничарската партија.

Новиот Кабинет , треба да протурка програма за зголемување на даноците, намалување на расходите, мерки кои се непопуларни меѓу Грците, за да добие од ветената помош од ЕУ и ММФ.
Американскиот претседател Барак Обама во соопштение изрази надеж дека врските меѓу САД и Грција и понамату ќе останат „длабоки и силни“ и соопшти дека САД ќе застане зад Грција во овие тешки моменти за земјата.
XS
SM
MD
LG