Достапни линкови

Италија- Премиерот Монти ќе го престави составот на новата Влада


Новиот италијански премиер Марио Монти

Новиот италијански премиер Марио Монти

Новиот италијански премиер Марио Монти, се очекува денеска на претседателот Џорџо Наполитано да му го престави својот предлог за состав на новата Влада.
Новата влада мора да биде одобрена од Парламентот. Таа ќе има задача да донесе програма за штедење и да ја врати довербата на инвеститорите во Италија, да докаже дека Италија нема да банкротира и да бара финансиска помош од меѓународната заедница.
Експертите предупредуваат дека евентуален колапс на Италија, може да доведе до распад на еврозоната.
Шеесет и осумгодишниот Монти кој е поранешен еврокомесар, на функцијата премиер на Италија, дојде откако Силвио Берлускони си поднесе оставка минатата недела.
XS
SM
MD
LG