Достапни линкови

Инцко: Меѓународната заедница не ја постигна целта во БиХ


Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко

Меѓународната заедница не ја постигна својата цел во БиХ, изјави високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко, во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Тој додаде, дека сепак не е се загубено и оти е потребно да се случат промени со кои дијалогот и компромисот би станале правило, а не исклучок.
Инцко потврди дека во изминатите шест месеци БиХ продолжила да стагнира, предупредувајќи дека провоцирачка реторика користат и претставниците на Република Српска и на Федерацијата БиХ.

Инцко вели дека политичарите во БиХ избегнуваат конструктивен дијалог за клучните прашања, потсетувајќи дека ни по повеќе од една година, не е формирана власта на ниво на држава, што го блокира процесот на евроинтеграција и и нанесува штета на економијата на земјата.
XS
SM
MD
LG