Достапни линкови

Карзаи ќе го објави вториoт дел од планот за транзиција


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска треба да објави кои делови од земјата ќе бидат опфатени со вториот бран на префрлање на одговорностите од НАТО силите во рацете на авганистанските безбедносни сили. Планот за транзиција Карзаи ќе го објави на состанокот на старешините на кој ќе се разговара и за партнерскиот договор со САД, како и за предлогот да се водат мировни разговори со Талибанците.

Талибанците се заканија дека ќе ја нападнат конференција на која ќе учествуваат повеќе од 2.000 политички и верски преставници. Поради тоа безбедносните сили во главниот град Кабул се во состојбата на готовност.
Талибанците одбија да учествуваат на Конференцијата, тврдејќи дека средбата е само трик и оти и понатаму ќе продолжат странските влијанија во земјата. Тие сооопштија дека ќе ги сметаат за предавници сите кои ќе учествуваат на средбата во Кабул.

Авганистански официјални лица, соопштуваат дека со вториот бран на транзиција најверојатно ќе бидат опфатени 17 области. Авганистанските сили треба да преземат целосна контрола врз безбедноста во Авганистан до крајот на 2014 година.
XS
SM
MD
LG