Достапни линкови

Судот потврди- забрана за кампување на „Окупирај го Вол Стрит“,


Судир на демонстрантите и полицијата,при остранувањето на шаторите

Судир на демонстрантите и полицијата,при остранувањето на шаторите

Њујоршкиот суд ја потврди одлуката на властите за забрана за поставување шатори во Менехетен, каде што демонстрантите од движењето „Окупирај го Вол Стрит“ беа сместени изминативе два месеци. Ова значи дека на демонстрантите што протестираат против финансискиот систем, за кој тврдат дека ги фаворизира богатите, ќе им биде забрането повторно да кампуваат во Паркот Зукоти што стана епицентар на протестите.

Њујоршките власти соопштија дека луѓето можат да протестираат во паркот, но не смеат да поставуваат шатори и да спијат таму.
Градоначалникот на Њујорк кој реши да ги отстрани шаторите, поради тоа што, како што рече, претставуваат здравствена и безбедносна закана, изјави дека слободата на говор не подразбира право да се запоседне јавен простор со шатори. При урувањето на шаторите, полицијата уапсила околу 200 демонстранти.
XS
SM
MD
LG