Достапни линкови

Грција и банките почнуваат преговори за намалување на долгот


Алфа банка во Атина

Алфа банка во Атина

Грција и нејзините приватни кредитори денеска во Франкфурт ќе започнат преговори за размена на кредитните долгови заради намалување на грчкиот долг за 50 отсто, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Преговорите се дел од планот на ЕУ за спас на таа членка на еврозоната, кој е договорен минатиот месец. Во рамките на планот, приватните сопственици на грчки обврзници ќе отпишат 100 милијарди евра од својата сопственост на грчките владини обврзници, вредни 200 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG