Достапни линкови

Сирија ќе го бојкотира состанокот на Арапската лига


Протести во Сирија, против молчењето од страна на Арапската лига за состојбата во Сирија

Протести во Сирија, против молчењето од страна на Арапската лига за состојбата во Сирија

Сирија соопшти дека нема да учестува на денешната средба на министрите за надворешни работи на Арапската лига во мароканскиот главен град Рабат.
Бојкотот уследи откако Арапската лига одлучи да го суспендира членството на Сирија, по казнувањето на демонстрантите од страна на сирискиот режим.
Арапската лига се одлучи да ја суспендира Сирија , откако земјата и покрај повиците за запирање на крвопролевањето, продолжи со акцијата против демонстрантите и не ја почитуваше иницијативата за мир, подржана од Арапската лига.
Вашингтон соопшти дека се надева оти Арапската лига на денешната средба ќе испрати порака до сирискиот претседател Башар Асад да се овозможи демократска транзиција и да се стави крај на насилствата.
XS
SM
MD
LG