Достапни линкови

Светот замижува пред состојбите со човекови права во Азербејџан


Полицијата се справува со демонстрант во Баку, април 2011.

Полицијата се справува со демонстрант во Баку, април 2011.

Амнести Интернешнл во својот најнов извештај ја повикува меѓународната заедница да не се прави „слепа“ пред кршењето на човековите права во Азербејџан.
Во извештајот насловен како „Пролетта што никогаш не расцуте: поттисната слобода во Азербејџан“, се наведува дека младите активисти за човекови права, како и членови на опозицијата се наоѓаат во затвор, а новинарите и оние кои ги бранат правата се под постојани закани и малтретирања.

Организацијата сооопштува дека по протестите во март, 17 луѓе се во затвор, и повика за нивно итно ослободување.
Демонстрантите бараа демократски реформи и поголемо почитување на човековите права.
XS
SM
MD
LG