Достапни линкови

Хрватска, Чешка, Ирска и Португалија обезбедија учество на ЕП во фудбал


Фудбалерите на БиХ за време на тренинг пред натпреварот со Португалија

Репрезентациите на Хрватска,Чешка, Ирска и Португалија се последните четири репрезентации кои обезбедија учество на Европското првенство во фудбал, кое следната година се одржува во Полска и Украина.
Во вчерашните реванш средби, Хрватска одигра нерешено 0:0 со Турција. Во првиот натпревар Хрватска ја победи Турција сo 3:0.
Чешка во Подгорица ја победи Црна Гора со 1:0 и оди понатаму со вкупен резултат од 3:0.
Ирска играше нерешено 1:1 со Естонија, и со вкупен резултат од 5:1, се пласираше на ЕП.
Португалија убедливо ја победи Босна и Херцеговина со 6:2. Првиот натпревар меѓу нив заврши нерешено, без голови.
XS
SM
MD
LG