Достапни линкови

logo-print

Филе се заложи на Србија да и се додели кандидатски статус во декември


Европскиот комесар за проширување Штефан Филе на прес-конференција во Белград на 14 октомври 2011 година.

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе на прес-конференција во Белград на 14 октомври 2011 година.

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе се заложи на Србија да и се додели статус на кандидат за членство во Европската унија во декември, а на Црна Гора да и се даде зелено светло за почеток на преговорите.

„Србија треба официјално да добие статус на кандидат, под претпоставка дека повторно ќе се ангажира за продолжување на дијалогот со Приштина“, изјави портпаролот на Филе.

Тој рече дека oдлуките за тоа треба да се донесат на следната седница на Советот на ЕУ.

Според дипломатски извори од Брисел, Франција и Германија „мошне скептично“ гледаат на доделувањето кандидатски статус на Србија.
XS
SM
MD
LG