Достапни линкови

logo-print

Државата не го платила превозот за учениците


Бесплатниот проект на владата за превоз на ученици кои живеат подалеку од градовите, пред колапс. Превозниците никако да си ги наплатат парите.

Над 50 милиони денари им должи општина Битола на фирми кои вршат превоз на ученици до училиштата во градот. Превозниците не сакаат јавно да зборуваат за проблемот, но коментираат дека долгот може да го попречи школскиот превоз доколку не се најде решение за настанатата ситуација. Велат дека наместо државата тие на сопствен трошок ги
Деновиве бараме можен начин да се пролонгира периодот за да можат да функционираат подолго време. А во меѓувреме преговараме со министрите од Владата и бараме начин како овој дел да се компензира.

превезуваат учениците, а од тоа засега немаат финансиски бенефит.

Од општина Битола објаснуваат дека тие не ги должат парите, туку Министерството за образование. Градоначалникот Владимир Талески вели дека со децентрализацијата општината добила обврски да ги прима и препраќа блок дотациите од Министерството до училиштата. Но, потребите и трошоците за училиштата се зголемиле, а со тоа се напластил и долгот.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Владимир Талески, градоначалник на Битола.


„Во програмирањето, планирањето на овие средства самите потреби се измениле во меѓувреме. Јас веќе имав четири средби со превозниците. Деновиве бараме можен начин да се пролонгира периодот за да можат да функционираат подолго време. А во меѓувреме преговараме со министрите од Владата и бараме начин како овој дел да се компензира. Убеден сум дека во идниот период ќе се најде решение, но тие пари мора да се префрлат во општините од буџетот на Македонија“, вели градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Имаме деца кои патуваат до Битола секој ден од Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Прилеп и Могила. Во моментот практично долгот на општина Битола е и долг на сите општини кои се запишани во нашите основни односно средни училишта.

Долгот изнесува 58 милиони денари, од кои 20 милиони за превоз до основните, 30 милиони до средните училишта, а 8 милиони денари за трошоци за греење по образовните установи.

Според Талески, трошоците се поголеми од некои други градови зашто:

„Битола е голема општина, централна во целиот овој регион. Доаѓаат ученици од други општини на оддалеченост до 50 километри. Имаме деца кои патуваат до Битола секој ден од Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Прилеп и Могила. Во моментот практично долгот на општина Битола е и долг на сите општини кои се запишани во нашите основни односно средни училишта.“

Бесплатниот превоз на учениците кои живеаат подалеку од училиштата каде учат е еден од проектите на Владата на Република Македонија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG