Достапни линкови

Премиерот Груевски препорачува дислокација на Топилница


Од последниот протест против рестартирањето на Топилницата во Велес.

Од последниот протест против рестартирањето на Топилницата во Велес.

Премиерот Никола Груевски им препорачува на инвеститорите да размислат за дислокација на велешката Топилница, на место кое што „на ниту еден начин нема да предизвикува оправдани стравови кај велешани, односно место каде што ќе се смета дека нема да ја загрозува безбедноста и здравјето на граѓаните на Велес“.

Во соопштението од кабинетот на Груевски се наведува дека Владата е подготвена да и помогне на компанијата во процесот на дислокација доколку компанијата ја прифати препораката.

„Владата поддржува отворање на нови фабрики кои отвораат нови работни места, но сепак пред се, и над се мора да биде здравјето на луѓето, на сите нас, на нашите деца и на идните генерации на кои треба да им оставиме здрава животна средина. Во тој правец, дури и ако компанијата ја дислоцира Топилницата на место надвор од градот Велес, таа мора да ги примени највисоките еколошки стандарди“, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG