Достапни линкови

logo-print

Конкурент на Фејсбук почина во Калифорнија


Социјалната мрежа Дијаспора.

Социјалната мрежа Дијаспора.

Коосновачот на социјалната мрежа Дијаспора, 22-годишниот Иља Житомирски починал во Калифорнија за време на викендов. Локалните медиуми објавија дека можеби се работи за самоубиство. Судскиот обдукционист од Сан Франциско изјави дека ќе требаат неколку недели да се утврдат причините за смртта. Родителите на Житомирски емигрирале од Советскиот Сојуз во САД кога тој бил дете. Заедно со тројца колеги, лани ја отворија социјалната мрежа Дијаспора со цел да му конкурираат на Фејсбук.
XS
SM
MD
LG