Достапни линкови

logo-print

„Македониум“ за одвлекување внимание?


Граѓани го потпишуваат „Манифестот на Македониумот“.

Граѓани го потпишуваат „Манифестот на Македониумот“.

Колку реакцијата на зголемен патриотизам во одбрана на придавката „македонски“ не е злоупотребена за да се отргне вниманието од другите проблеми?

Се оддалечуваме од вистинската линија на одбрана на уставното име и националниот идентитет доколку политичкиот проблем го преточиме во лавина од национални чувства кои лесно се мобилизираат.

Владата успеа од извештајот кој содржи доста негативни оценки за нејзината работа, да извлече еден мал сегмент, сегмент кој е важен, но кој не е единствен.
Во тој констекст наместо повредените човекови права, националното се брани со историјата што е далеку од начинот на којшто ги гледаат проблемите европските институции. Вака експертите ги коментираат бројните упатени писма до Брисел како и акцијата за собирање потписи зад која застанаа угледни граѓани на државава. На овој начин само се потврдува дека граѓанството е сензибилизарно на теми кои што не оддалечуваат од реалноста во која има се повеќе проблеми.
Граѓани одат да го потпишат „Манифестот на Македониумот“.

Граѓани одат да го потпишат „Манифестот на Македониумот“.


„Национализмот е еден од најиспробаните методи на одвлекување на вниманието на граѓаните од реалните проблеми. Владата успеа од извештајот кој содржи доста негативни оценки за нејзината работа, да извлече еден мал сегмент, сегмент кој е важен, но кој не е единствен“, изјави политичкиот аналитичар Здравко Савески.

Секој граѓанин кој е Македонец нормално е да се чувствува навреден. Во секој случај вистина е дека во моментов таа тема ги поклопува социјалните теми.
Загрижува што дури и институција како што е синдикатот којшто истовремено ги губи правата којшто му припаѓаат, а реалните социјални проблеми се множат, се вклучува токму во вакви кампањи. Создавање на чувство кај народот дека зголемениот патриотизам ќе донесе резултати е само вовед во негова инструментализација, додека во реалноста неговата мобилизација не значи и дека Брисел ќе биде мобилизиран, додава аналитичарот Алберт Муслиу.

„Европската комисија секојдневно прима илјадници писма, од илјадници загрижени граѓани, групи, дури и држави и тие тоа можеби ќе го процесуираат, можеби ќе одговорат, можеби нема да одговорат на тоа писмо, но нашиот проблем не е проблем со една канцеларија, нашиот проблем се проблем со јужниот сосед.“

Се тргна од реакцијата на премиерот по повод добивањето на годинашниот извештај на ЕК, а сензибилизараноста на народот на национални теми е испробан метод на овие простори, коментираат експертите.

Од владејачката партија денеска не успеавме да добиеме коментар како гледа на ваквите потези и каков ефект можат да донесат. Во опоззицискиот СДСМ само коментираат, од изоставањето на придавката македонски навредени сме сите, но јасно е и дека станува збор за тема којашто лесно мобилизира:

„Секој граѓанин кој е Македонец нормално е да се чувствува навреден, е сега во која мерка е тоа спонтано, во која мерка се прави заради нешто да се постигне, јас не би можел да кажам тоа го знаат тие коишто во тоа учествуваат. Во секој случај вистина е дека во моментов таа тема ги поклопува социјалните теми“, изјави Андреј Петров од СДСМ.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG