Достапни линкови

logo-print

Украинскиот парламент не ги намали обвинувањата против Тимошенко


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко во затвор во Киев на 4 ноември 2011 година.

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко во затвор во Киев на 4 ноември 2011 година.

Украинскиот парламент гласаше против предлогот да се намалат обвинувањата за злоупотреба на должноста против поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Само 147 од 438 пратеници гласаа, обвинувањата против Тимошенко да се преиначат од „злоупотреба на позицијата“ во „погрешна одлука“. Доколку парламентот го изгласаше предлогот, тоа ќе доведеше до нејзино побрзо ослободување од затвор.

Тимошенко е осудена на 7 години затвор за злоупотреба на функцијата при потпишувањето на договорот за гас со Русија во 2009 година. Таа ги негира обвинувањата и тврди дека пресудата е политички мотивирана. Нејзиното осудување го влоши односите на Украина со ЕУ.
XS
SM
MD
LG