Достапни линкови

Полицијата ги брка „Окупаторите“ на Вол Стрит од Њујорк


Архивска фотографија: Полицијата апси припадници на движењето Окупирај го Вол Стрит во Њујорк на 26 октомври 2011 година.

Архивска фотографија: Полицијата апси припадници на движењето Окупирај го Вол Стрит во Њујорк на 26 октомври 2011 година.

Њујоршката полиција ги избрка демонстрантите против финансиската нерамноправност од движењето „Окупирај го Вол Стрит“ од градскиот плоштад Зукоти Парк, што тие го окупираа уште во средината на септември. Паркот стана епицентар на движењето. Полицијата го опколи местото и ги размонтира шаторите поставени во областа. Некои демонстранти што не сакаа да го напуштат местото беа приведени. Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изјави дека демонстрантите може да се вратат, но шаторите мора да бидат отстранети. Според властите, областа станала нехигиенска и опасна и морала да се исчисти.
XS
SM
MD
LG