Достапни линкови

Ниска радијација и во Франција


Француската агенција за атомска енергија денеска соопшти дека регистрирала траги од радио-активен јод во воздухот во минатата недела, откако слични контаминации од мал обем беа забележани и во Чешка, Полска Словачка и Австрија. Во соопштението од Париз се наведува дека нивото на радијација било многу ниско и воопшто немало ризик врз здравјето на луѓето. Меѓутоа, изворот на радијацијата сеуште не е познат.
XS
SM
MD
LG