Достапни линкови

Растурен кампот на Окупирај го Вол Стрит во Њујорк


Полицијата во Њујорк денеска започна да ги отстранува демонстрантите од движењето Окупирај го Вол Стрит, кои кампуваа во паркот од септември. Властите во Њујорк соопштија дека демонстрантите мора да ги отстранат шаторите и оти паркот мора да биде исчистен поради опасноста од фекалиите, а потоа оние што сакаат да продолжат да протестираат можат да се вратат, но без шатори и вреки за спиење. Движењето Окупирај го Вол Стрит, кое е насочено против корпоративната алчност, се прошири и во други градови во Соединетите Држави и во светот.
XS
SM
MD
LG