Достапни линкови

Ракети земја - воздух за одбрана на Лондон за ОИ


Британскиот секретар за одбрана Филип Хамонд.

Британскиот секретар за одбрана Филип Хамонд.

Британскиот секретар за одбрана Филип Хамонд изјави дека, доколку смета дека е потребно, во Лондон може да се распоредат ракетни системи земја-воздух заради заштита на Олимпијадата во британската метропола во 2012 година. Пред Парламентот, Хамонд рече дека ракетите може да бидат распоредени ако армијата го препорача тоа. Илјадници војници ќе бидат распоредени на обезбедување на Олимпијадата откако прегледот на безбедноста покажа дека властите ќе треба да го удвојат бројот на стражари на олимписките арени. Безбедноста на Олимписките игри стана критична и скапа работа, откако 11 израелски спортисти беа убиени на Олимписките игри во Минхен во 1972 година. Олимпијадата во Лондон се смета за потенцијално голема безбедносна закана.
XS
SM
MD
LG