Достапни линкови

logo-print

Протерување Таџикистанци од Русија поради „здравствени причини“


Депортирање на таџикистански мигранти од Русија.

Депортирање на таџикистански мигранти од Русија.

Руските власти соопштија дека може да воведат привремена забрана за работа за доселеници од Таџикистан поради медицински причини. Главниот санитарен инспектор во Русија, Генадиј Онишченко соопшти дека кај многумина работници дојдени од Таџикистан неодамна биле дијагностицирани ХИВ и туберкулоза. Сепак, тој не објасни под какви околности биле тестирани луѓето на овие две заболувања. Онишченко информира дека лани биле депортирани 188 Таџикистанци поради здравствени причини.

Во меѓувреме, шефот на Федералниот миграциски сервис Константин Ромодановски информира дека од Русија ќе бидат депортирани 297 Таџикистанци поради прекршување на руските закони.

Оваа одлука доаѓа откако минатата недела судот во Таџикистан осуди двајца пилоти, Русин и Естонец, што работеле за руска компанија, на по 8,5 години. Во нивните авиони бил пронајден еден расклопен авионски мотор, по што биле обвинети за шверц, а авионите им биле запленети.
XS
SM
MD
LG