Достапни линкови

Јорданскиот крал Абдула го повика Ал Асад да се повлече


Јорданскиот крал Абдула.

Јорданскиот крал Абдула.

Јорданскиот крал Абдула стана првиот арапски лидер што го повика сирискиот претседател Башар Ал Асад да се повлече. Во интервју за Би-Би-Си, кралот Абдула рече:

„Верувам дека да бев на негово место, ќе се повлечев.“

ЕУ денеска ги прошири санкциите против Сирија. Шефицата за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон рече дека Унијата ќе работи заедно со Арапската лига да најде начин да ги заштити сириските цивили.
XS
SM
MD
LG