Достапни линкови

ЕУ ја одложи одлуката за построги санкции кон Иран


Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ предупредија дека ќе следуваат поостри санкции кон Иран, но соопштија дека ќе почекаат до нивниот нареден состанок на 1 декември пред да преземат понатамошни чекори.

Во извештајот на ОН од минатата недела се наведува дека има сериозни индиции дека Иран работи на развој на атомска бомба.

САД и Израел соопштија дека не ја исклучуваат можноста од воен напад врз Израел.

Министрите за надворешни работи на Велика Британија и на Холандија, Вилијам Хејг и Ури Розентал, пред денешниот состанок, исто така рекоа дека не треба да се исклучи можноста од воен напад.

Сепак, шефовите на дипломатијата на Франција и Германија, Гвидо Вестервеле и Алан Жипе, остро се противат на воената опција.
XS
SM
MD
LG