Достапни линкови

Хрватските избори под надзор на ЕУ поради Главаш


Бранимир Главаш.

Бранимир Главаш.

Европската комисија внимателно го следи обидот на осудениот воен злосторник Бранимир Главаш да се кандидира на изборите во Хрватска. Портпаролот на ЕК, Петер Стано изјави дека односот кон воените злосторства е дел од мониторингот на Хрватска во подготовките за членство под поглавјето 23, кое е посветено на прашањата поврзани со правосудството и основните човекови права.

Главаш, кој е осуден на осум години затвор поради воени злосторства врз српски цивили, казната ја служи во Мостар, а беше кандидиран за носител на изборната листа на неговата партија ХССБ на претстојните избори во Хрватска. Изборната комисија ја одобри кандидатурата, но по интервенција на Врховниот суд, Главаш сепак е симнат од листата.
XS
SM
MD
LG