Достапни линкови

Началникот на ГШ на АРМ Котески во посета на БиХ


Началник на генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котески.

Началник на генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котески.

Делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на вооружените сили на Босна и Херцеговина.
Домаќин на делегацијата на АРМ ќе биде началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на БиХ, генерал-полковник Миладин Милојчиќ.

Според соопштението од АРМ, тие ќе разговараат за искуствата на припадниците на двете армии од учеството во мировните мисии, заедничкиот настап во поддршка на регионалните иницијативи за јакнење на безбедноста, како и за подобрување на билатералната меѓуармиска соработка.

Во рамки на посетата, генералот Котески ќе ги посети припадниците на АРМ кои се распоредени на извршување задачи во мисијата на ЕУ „АЛТЕА“ во кампот Бутмир кај Сараево.
XS
SM
MD
LG