Достапни линкови

Бреивик призна дека убил, но не се изјасни за вина


Архивска фотографија: Бреивик пристигнува во судот во Осло.

Архивска фотографија: Бреивик пристигнува во судот во Осло.

Андрес Брејвик призна дека го извршил убиството на 77 луѓе во нападите во Норвешка на 22 јули годинава, но одби да се изјасни дали е виновен, на првото јавно сослушување по нападите. Судот одлучи, 32-годишниот Брејвик да остане во притвор уште 12 недели до новата расправа што треба да се одржи на 6 февруари.
Ограничувањата за пристап до медиуми, посети и пошта ќе му бидат постепено укинувани, соопшти судијата. Брејвик побара да им се обрати на преживеаните и на семејствата на загинатите во судницата, но не му беше дозволено.
XS
SM
MD
LG