Достапни линкови

logo-print

Меркел - Сега е најтешкиот период во Европа по 2 Светска војна


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Должничката криза во евро-зоната е најтешкиот период во Европа по завршувањето на Втората светска војна, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. Зборувајќи пред делегатите на годишната конференција на нејзината Христијанско демократска унија во Лајпциг, таа рече дека Европа треба да се движи „чекор по чекор“ кон поголема политичка интеграција. Меркел побара промени во европските договори за да може да бидат казнети земјите што ги кршат правилата против преголем дефицит, но јасно кажа дека Германија има одговорност кон своите партнери и оти ќе мора да жртвува повеќе.
XS
SM
MD
LG