Достапни линкови

Бесими најави поголем буџет за одбрана


Министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Буџетот за одбрана во 2012 е планирано да се зголеми за 9 отсто во однос на годинашниот, односно да изнесува 1,3 отсто од БДП-то, најави министерот за одбрана Фатмир Бесими. Со тоа се прекинува трендот на намалување на буџетот во одбраната.

Во отчетот за сработеното во претходните 100 дена, министерот Бесими рече дека евроатлантските интеграции се најдобрата алтернатива за иднината на Македонија и Балканот, а членството во НАТО и во ЕУ се стратешки приоритет на земјава.

Бесими денеска се сретна со акредитираните воени аташеа во земјава.
XS
SM
MD
LG