Достапни линкови

Ваши коментари


Бројни коментари од слушателите на нашата веб страница за новото прашање во рубриката Хајд Парк, како и на останатите наши теми и текстови.

За еден има повеќе коментари интервјуто на Радмила Шеќеринска од новото прашање во нашиот Хајд парк, но одиме прво со читањето на вашите коментари на прашањето каква ни е реалноста, токму затоа што е ново.
Нека го заборчат народов уште малку, па ќе не' најде полошо и од Грција. После Гадафи бил диктатор - поголема (легална) диктатура од овде нема скоро никаде.

И повторно, некојси Панде од Охрид не' обвинува дека сме биле гласило на опозицијата, дека сме канеле само опозициски експерти и политичари, иако изгледа го погрешил местото на пишувањето на коментарот - се' мислам дека Панде реагира на интервјуто на Шеќеринска, а Хајд паркот е нешто друго. И нема да му се лутиме на Панде бидејќи сме сигурни дека интервјуата со политичарите и експертите од владејачката партија веројатно ги пропуштил, па затоа вака мисли.

Дарко од Прилеп пишува дека има логика во тоа што според Владата се зголемуваат платите и пензиите, и дека Македонија напредува и стандардот расте - а невработени се' повеќе. Нека го заборчат народов уште малку, па ќе не' најде полошо и од Грција. После Гадафи бил диктатор - поголема (легална) диктатура од овде нема скоро никаде, извикува Дарко од Прилеп.

Слободан мисли сосема спротивно, па прашува кој ги направил овие луѓе технолошки вишок, дали оваа Влада или криминалната приватизација, како што пишува, на владите на Црвенковски, а Горан од Паланка смета дека досега ниедна влада не понудила програма за вистински развој на стопанството и дека се' се сведува на прелевање од едно место во друго и крепење дупки и дека само сме глумеле капитализам. Својата елаборација на позитивните страни на
Горан од Паланка смета дека досега ниедна влада не понудила програма за вистински развој на стопанството.
капитализмот што кај нас всушност само се глумел, Горан ја завршува со прашањето кој за кого постои и кој на кого му служи: државата за народот или обратно.

Ваце од Скопје препорачува ставање на 3Д очила и гледање на виртуелна стварност. Реалноста, вели Ваце е малку сурова и не се живее повеќе од Фејсбук и од компјутери (претпоставувам мисли на комуникацијата на премиерот со обожавателите преку интернет) затоа што станавме капиталистичко феудална земја во која само најпростите алчни бизнисмени со криминални досиеја станаа поим за менаџери.

Слушател потпишан како Бале од Плоштад Македонија вели точно е тоа што го зборува Владата, ама има и се' повеќе луѓе кои немаат што да јадат, а нашиот редовен Џони од Валандово повторно со својата комично-саркастична забелешка: Нека излезе, пишува, Грујо на улица ама маскиран, и нека види каква е вистината, ако не знае. Тој може пак ќе зборува исто, ама барем ќе знае колку лаже. Почитувани, имате испратено многу коментари и на наши текстови, ама за овој понеделник времето ни овозможува олку, за следните - следниот понеделник.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG