Достапни линкови

Повеќе трошоци од инвестиции


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Огромни трошоци за Агенција за странски инвестиции, промотори, министри... Македонија и натаму последна во регионот по бројот на странски инвестиции?

Промотори и реформи, министри и дипломати за привлекување на странски инвеститори. Владата ја промовираше како клучна цел и во главен адут особено ако се следат изјавите во последниве месеци, но експертите се сомневаат дека е допрена суштината.
Очигледно е дека не е проблемот само во кризата, туку е во тоа каква локација е Македонија за странските инвеститори гледано во поширок контекст.

Државата се уште заостанува зад земјите од регионот според бројот на странски
инвестиции, многу покомплицирана е состојбата кога станува збор за отворање на нови работни места. Важно е што се нуди и затоа ефектите изостануваат, вели професор Ванчо Узунов.

„Очигледно е дека не е проблемот само во кризата туку е во тоа каква локација е Македонија за странските инвеститори гледано во поширок контекст.“ Дали она што промоторите им го нудат на потенцијалните странски инвеститори соодветствува со реалноста?

Дали она што промоторите им го нудат на потенцијалните странски инвеститори соодветствува со реалноста?



Тешко дека помалите даноци ќе ја направат Македонија конкурентна ако при тоа не се потрудиме околу тоа да понудиме поквалитетни бенефиции, вели економистот Висар Адеми.

„Ние за жал немаме кадар кој е подготвен да влезе во самата индустрија или во секторите каде што ние правиме промоција за да преземеме дел во инвестиции во инфраструктура.“
Во делот на комуникациски вештини, во делот на пренесување на пораката што Македонија како држава сака да ја пренесе, мислам дека тука има некоја конфузија, а плус и промоторите можеби ветуваат малку повеќе за да ја спасат својата работа, отколку што имаат можност.

Она што го ветуваат промоторите, посочува Адеми, не соодвествува на она што потенцијалните инветитори го среќаваат на терен, а освен тоа постои и извесна конфузија околу нивните надлежности:

„Па мислам дека има конфузија кај самите странски компании колку надлежности имаат промотирите и тоа што тие го ветуваат на крајот не се сведува на практично ниво, значи има поголема администрација. Во делот на комуникациски вештини, во делот на пренесување на пораката што Македонија како држава сака да ја пренесе, мислам дека тука има некоја конфузија, а плус и промоторите можеби ветуваат малку повеќе за да ја спасат својата работа, отколку што имаат можност.“

Целата таа комплексна структура на промовирање на крајот не е оправдана во крајните ефекти, додава Адеми. Тој се прашува дали сите тие пари дадени за привлекување странски инвестиции привлекле до сега странски инвестиции поголеми од трошоците.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG