Достапни линкови

Косово најавува реципроцитет


Косово најавува воведување реципроцитет доколку македонските власти не ја укинат заштитната мерка за увоз на брашно.

Доколку косовските власти воведат мерки на реципроцитет, а македонските не ја укинат одлуката за увоз на брашно условен со откуп на домашната пченица, упатените не ја исклучуваат можноста последиците негативно да се одразат на трговската размена меѓу двете земји.
Мерката трае до крајот на овој месец и сама по себе се укинува бидејќи е времена и сметам дека нема да влијае и да ги влоши нашите трговски односи со Косово.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

Од Сојузот на стопански комори велат дека мерката со која секој оној кој што ќе увезе еден килограм брашно има обврска да откупи четири килограми пченица од домашно производство, не стравуваат за можните економски последици, бидејќи како што велат, мерката е привремена.

„Мерката трае до крајот на овој месец и сама по себе се укинува бидејќи е времена и сметам дека нема да влијае и да ги влоши нашите трговски односи со Косово“, изјави Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.
За едно кило увезено брашно да се откупат 4 килограми пченица.
За едно кило увезено брашно да се откупат 4 килограми пченица.

И од Стопанската комора на Северозападна Македонија се надеваат дека до ваквите мерки нема да дојде. Претседателот на комората Мендерес Кучи вели дека слободата на движење на стоки и услуги е исклучително важна и дека доколку бараме да имаме слободен извоз секаде, потребно е да овозможуваме исти такви услови и за другите.
Многу чувствително тоа ќе биде затоа што ќе почне еден лош чекор за нашите две стопанства и после тоа колку и да кажуваш дека била погрешна твојата политика, ќе треба време.
Мендерез Кучи, Стопанска комора на. Северозападна Македонија

„Многу чувствително тоа ќе биде затоа што ќе почне еден лош чекор за нашите две стопанства и после тоа колку и да кажуваш дека била погрешна твојата политика, ќе треба време.“

Актуелната мерка на македонската влада не е прагматична, особено кога се работи за Косово, кое важи за еден од најголемите трговски партнери на Македонија, вели Кучи.

Последиците од евентуално воведување на такви мерки на репроцитет би биле неповолни за трговската размена со Косово, особено поради фактот што тоа е единствената земја со која Македонија остварува трговски суфицит.

„Тие од нас увезуваат, а доста малку извезуваат кај нас и кога ќе се влезе во структурата на тоа што се извезува, на она што паралелно го увезуваме горе-долу сме исти, ако ги исклучиме дериватите на нафта.“

По предупредувањата на косовските власти дека би можеле да воспостават мерки на реципроцитет за нивните производи, министерот за економија Валон Сарачини деновиве изјави дека ќе се заложи на следната владина седница да се дискутира за укинување на оваа мерка.

„Се работи за мерка која треба да трае до крајот на овој месец. Јас ќе се залагам уште на првата седница на Владата да предложам што побрзо да се укине оваа мерка, така што стоката може да се движи слободно од Косово“, изјави министерот Сарачини.

Кога пред три месеци Владата ја донесе оваа одлука, беше кажано дека тоа се прави во обид да го заштити домашното производство на пченица и да го стабилизира парзарот со брашно и со пченица.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG