Достапни линкови

ЕУ и САД поостро спрема Иран


Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле

Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле

Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле денеска отфрли секаква расправа за потенцијална воена интервенција против Иран, поради контроверзната нуклеарна програма на таа земја. Според него, единствено можни се поостри санкции доколку Техеран продолжи да не соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија. Со ова се согласува и шефот на француската дипломатија Ален Жипе. Британскиот министер за надворешни работи Вилијем Хејг изјави дека Лондон во моментов не се залага за воена интервенција, но оти сите опции остануваат отворени. Американскиот пртетседател Барак Обама денеска изјави дека Вашингтон ќе се консултира со сојузниците во врска со дополнителните мерки против Иран.
XS
SM
MD
LG