Достапни линкови

logo-print

Во прашање основите на ЕУ


Светските берзи денеска бележат пораст во првата реакција на потезите на Италија и на Грција да добијат нови влади кои треба да ги водат овие земји надвор од финансиската криза. Американскиот претседател Барак Обама оцени дека станува збор за позитивен развој. Сепак, дел од економистите се сомневаат дека тоа и ќе биде доволно.

Заздравувањето на берзите дојде откако италијанскиот претседател Џорџо Наполитано вчера побара од економистот и поранешен еврокомесар Марио Монти да формира нова влада која ќе бара начини за обнова на довербата на италијанската способност да се справи со огромниот долг без да и биде неопходен меѓународен спасувачки пакет.

68-годишниот Монти е познат под прекарот Кардинал кој го добил бидејќи, како што вели еден негов соработник, многу учтиво може да ве прати пред инквизиција ако верува дека тоа е праведно и потребно.

Во момент на особени тешкотии во Италија и на турбуленции во Европа и во светот, земјата мора да справи со предизвиците.
По добивањето на мандатот, Монти изјави дека сака да им ја врати гордоста на Италијанците и повторно да обезбеди стопански развој.

„Во момент на особени тешкотии во Италија и на турбуленции во Европа и во светот, земјата мора да справи со предизвиците.“

Наименувањето на Монти се случи откако контроверзниот премиер Силвио Берлускони, по 17-годишна доминација на политичката сцена, во саботата си поднесе оставка.
Марио Монти, мандатар во Италија.

Марио Монти, мандатар во Италија.


Потоа партијата на Берлускони го избра Монти како кандидат за мандатар и порача дека новата влада ќе потрае само колку ќе биде потребно да се спроведат мерките за штедење.
Имаше позитивен развој во изминатава недела, нова потенцијална влада во Италија и нова влада во Грција. И двете се решени да спроведат внатрешни структурни реформи со цел да им дадат поголема доверба на нивните пазари.

„Се надевам дека работите ќе станат подобри, но треба да видиме што ќе се случи со новата влада. Се надевам дека Монти не е личност која ќе ги претставува само банките, туку и нас студентите и обичните граѓани“, вели студентот од Рим, Метео Лучијани.

Во Грција, пак, новиот премиер Лукас Пападимос чија влада на национален спас в среда треба да биде изгласана во парламентот, треба да ја потурне имплементацијата на острите мерки за штедење со цел да се добие следната транша меѓународна помош во вредност од 8 милијарди евра.

Инспектори од Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка, кои всушност се главните кредитори на Грција, неделава во Атина ќе го оценуваат прогресот во стабилизирањето на грчките финансии.

Повеќето Грци веруваат дека владата на Пападимос нуди најдобро решение за борба против економската криза.​
Барак Обама

Барак Обама


Новите влади во Грција и во Италија, освен што имаа позитивен одглас кај берзите, наидоа и на добри оценки од страна на светските лидери. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека тоа ќе придонесе и за решавање на кризата во целата еврозона.

„Имаше позитивен развој во изминатава недела, нова потенцијална влада во Италија и нова влада во Грција. И двете се решени да спроведат внатрешни структурни реформи со цел да им дадат поголема доверба на нивните пазари“, изјави американскиот претседател Барак Обама.
Се надевам дека Монти не е личност која ќе ги претставува само банките, туку и нас студентите и обичните граѓани.

Тој додаде дека има уште многу да се направи во рамките на Европската унија за да се убедат берзите дека земјите како Грција и Италија ќе бидат способни да ги враќаат нивните долгови.

Со ова се согласуваат и дел од економистите во светот кои велат дека со новите влади во Грција и Италија се уште не е избегната опасната зона за еврото.

Доколку не се реагира побрзо, тогаш, според нив, може да дојде до тешки последици во економијата, но и во политичката стабилност и демократската одговорност, односно во основите на Европската унија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG