Достапни линкови

Сирија бара итен самит на Арапската лига


Сирија побара итен самит на Арапската лига за да се дискутира за, како што се наведува, негативните репрекусии на сиријската криза врз арапскиот свет. Во саботата Арапската лига гласаше од 16 овој месец да ја суспендира Сирија, бидејќи таа змја не успеала да го спроведе договорот за крај на задушувањето на антивладините протести во кои досега биле убиени над 3 ипол илјади луѓе. Илјадници провладини демонстранти во саботата ги нападнаа амбасадите на Катар и на Саудиска Арабија, како и дипломатското претставништво на Турција во знак на протест против суспендирањето.
XS
SM
MD
LG