Достапни линкови

Лансиран вселенскиот брод Сојуз


Двајца руси и еден американец се во вселенскиот брод Сојуз на пат до Меѓународната вселенска станица. Бродот беше лансиран од центарот Бајконур во Казахстан и покрај загриженоста што се појави откако беспилотната ракета Прогрес која требаше да однесе продукти на Меѓународната станица експлодира веднаш по лансирањето во Бајконур во август годинава. Тоа беше една од најголемите руски вселенски несреќи во изминативе децении. Деновиве проблеми при лансирањето имаше и рускиот вселенски брод Фобос Грунт кој беше тестиран за пат до Марс.
XS
SM
MD
LG