Достапни линкови

Истрагата за трговијата со органи на Косово ќе потрае


Специјалниот обвинител на Европската унија Џон Клинт Вилјамсон на крајот од тридневниот престој во Тирана изјави дека истрагата околу обвинувањата за трговија со човечки органи за време на косовската војна ќе биде долга и комплексна. Вилјамсон има задача да ги испита тврдењата на швајцарскиот сенатор Дик Марти околу трговијата со човечки органи во Косово и во неколку бази на поранешната Ослободителна војска на Косово во Албанија. Властите во Тирана сметаат дека обвинувањата на Марти се неосновани и оти се со цел да им се наштети на угледот на Албанците и затоа поддржуваат меѓународна истрага која ќе ја утврди вистината.
XS
SM
MD
LG