Достапни линкови

logo-print

Бунтовниците го соборија Гадафи па војуваат меѓу себе


Воени гробишта на силите лојални на Гадафи во Мисрата.

Воени гробишта на силите лојални на Гадафи во Мисрата.

Ривалски групи на либиските бунтовници се пресметуваат меѓусебе четврти ден по ред, во преградие на главниот град на Либија, Триполи. Во меѓусебните борби досега загинале најмалку 6 луѓе.

Ваквите настани покренаа нова загриженост околу тоа дали привремената Влада на Либија е способна да разоружа ијадници бунтовници и да го врати редот и мирот во земјата по осуммесечната војна.

Привремениот лидер на Либија, Мустафа Абдул-Џалил, рече дека Националниот преоден Совет за време на викендот ги собрал старешините од непријателските области, односно од крајбрежниот град Завиџан и од околните племенски области и го решиле проблемот. Но и покрај тоа, пресметките продолжуваат.

Лидерите на Национaлниот совет велат дека и покрај зголемувањето на тензиите, не можат побргу да ги разоружат бунтовниците.
XS
SM
MD
LG