Достапни линкови

logo-print

Ирачки генерал во официјална посета на Иран


Ирачки вооружени сили.

Ирачки вооружени сили.

Началникот на генералштабот на ирачката армија, генерал Бабак Зебари денеска беше во официјална посета на Техеран, при што повика на подобрување на односите меѓу двете земји. Тој се сретна со командантот на копнените сили на елитната Револуционерна гарда, генерал Мохамад Пакпур.

Ненајавената посета доаѓа откако американските сили почнаа да се подготвуваат да го напуштат Ирак до крајот на 2011 година, откако пропаднаа преговорите меѓу САД и Ирак за тренинг-мисија по 2011 година.

Вашингтон редовно ја обвинува иранската Револуционерна гарда дека ги поддржува и вооружува ирачките милиции, непријателски настроени кон американското присуство во земјата.
XS
SM
MD
LG