Достапни линкови

Египет уапсил виден радикален исламист за нападите врз гасоводот


Експлозија на гасоводот на 10 ноември 2011 година.

Експлозија на гасоводот на 10 ноември 2011 година.

Египет уапсил виден член на исламистичка организација осомничена дека стои зад нападите врз гасоводот што ги снабдува со гас Израел и Јордан, информира неименуван претставник на египетските служби за безбедност. Две експлозии одекнаа на гасоводот во четвртокот. Гасоводот што преку Синајскиот Полуостров пренесува гас за Израел и за Јордан е нападнат шест пати по соборувањето на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.
XS
SM
MD
LG