Достапни линкови

logo-print

Турција ги повлекува семејствата на дипломатите од Сирија


Средба на сирискиот претседател Башар Ал Асад со преговарачкиот тим на Арапската Лига на 26 октомври 2011 година.

Средба на сирискиот претседател Башар Ал Асад со преговарачкиот тим на Арапската Лига на 26 октомври 2011 година.

Турција соопшти дека ќе ги евакуира семејствата на своите дипломати од Сирија, откако дипломатските претставништва беа нападнати од поддржувачи на претседателот Башар Ал Асад. Претходно и официјален Ријад го осуди нападот врз саудиската амбасада во Сирија. Нападнатa беше и амбасадaтa на Катар.

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Дамаск во знак на протест на одлуката на Арапската лига да ја суспендира Сирија и да воведе санкции, откако не успеа да стави крај на крвавото задушување на опозициските протести од страна на владата.

Арапската лига соопшти дека ќе наметне економски и политички санкции против режимот на Башар Ал Асад и ги повика земјите-членки да ги повлечат нивните амбасадори од Дамаск, откако Сирија не го испочитува мировниот план на лигата за окончување на насилствата во земјата.
XS
SM
MD
LG