Достапни линкови

logo-print

Полицијата трага по четврти осомничен за нападот во Сараево


Напаѓачот Мевлид Јашаревиќ по ранувањето.

Напаѓачот Мевлид Јашаревиќ по ранувањето.

Босански суд денеска нареди апсење на четвртиот осомничен за учество во нападот врз американската амбасада во Сараево, на 28 октомври, пренесоа агенциите, повикувајќи се на судски извор. Државниот суд на Босна и Херцеговина нареди притворање на осомничениот Емрах Фојница на еден месец, посочи портпаролката на судот Асја Папо. Таа додаде дека Фојница, исто така, е осомничен за тероризам. Обвинителството не соопшти детали за неговото учество во нападот.

Српскиот државјанин Мевлид Јашаревиќ, член на радикалното исламистичко движење вахабити, на 28 октомври пукаше кон амбасадата на САД во Сараево, при што рани еден полицаец од обезбедувањето. Самиот тој, исто така, беше ранет во нога од снајперист, кој и ја прекина неговата 30-минутна пукотница. Јашаревиќ беше приведен од полицијата, откако беше отпуштен од болницата.

Фојница беше уапсен во село Горна Маоча во североисточна Босна, познато како центар на вахабитите. Извршителот на нападот Јашаревиќ порано често го посетувал ова село.
XS
SM
MD
LG