Достапни линкови

logo-print

Косовската претседателка го поддржува дијалогот со Белград


Претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага.

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, силно го подржува дијалогот меѓу Косово и Србија, кој е прекинат во септември. Според косовските медиуми, таа има сосема спротивно мислење од опозицијата и од спикерот на Парламентот Јакуп Красниќи, кои ја обвинија шефицата на косовскиот преговарачки тим, вицепремиерката Едита Тахири за нетранспарентност.
Рамуш Тахири, висок политички советник на Јахјага изјави дека премиерот Хашим Тачи и вицепремиерката Тахири, редовно ја информираат претседателката во врска со разговорите со Србија. Тој смета дека од дијалогот полза имаат граѓаните на Косово.
XS
SM
MD
LG