Достапни линкови

Се самоубил синот на противкандидат на Ахмадинеџад


Мохсен Резаи и неговиот син Ахмад.

Мохсен Резаи и неговиот син Ахмад.

Синот на познатиот ирански конзервативен политичар Мохсен Резаи, Ахмад, бил пронајден мртов во еден хотел во Дубаи. Според полицијата, очигледно се работи за самоубиство.

Мохсен Резаи му беше противкандидат на претседателот Махмуд Ахмадинеџад на претседателските избори во 2009 година.

Ахмад Резаи живееше во САД и отворено ги критикуваше иранските власти, ставајќи го во непријатна политичка позиција татко си Мохсен, конзервативец близок со радикалните свештеници. Мохсен Резаи е секретар на Иранскиот совет за експедитивност, влијателно советодавно тело на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Камнеи.
XS
SM
MD
LG