Достапни линкови

Медведев - Да не правиме драма од Курилските Острови


Островот Кунашири, еден од четирите острови познати како Северни Курили.

Островот Кунашири, еден од четирите острови познати како Северни Курили.

Рускиот претседател Дмитри Медведев и јапонскиот премиер Јошихико Нода се согласија дека треба да разговараат за унапредувањето на соработката во одбраната и безбедноста во азиско-пацифичкиот регион, каде што Кина го зголемува своето воено присиство. Тие се сретнаа на маргините на Азиско-пацифичкиот Самит на Хаваите.

Нода бара и нови разговори со Русија за повеќедеценискиот спор за Курилските Острови, што Русија ги запоседна при крајот на Втората светска војна. Сепак, Медведев го отфрлил тој предлог повикувајќи ја Јапонија да ја стави трговијата пред политиката.

„Не треба да правиме драма од тоа прашање“, рече Медведев.
XS
SM
MD
LG